Во Зелената градина на Градскиот трговски центар во Скопје, во организација на Сити Радио, вечерва од 20 до 23 часот ќе се одржи „карантинска забава“ под мотото „Се собравме за вас“, и неколку диџеи ќе пуштаат музика.
– Диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби, диџеј Фици, сите собрани во Зелената градина, на покривот од ГТЦ, со различни битови и стилови на музика ќе приредат забава за љубителите на убавата музика и танцувањето, велат од Сити Радио.
Настанот ќе може да се следи во живо на Јутјуб каналот на Сити Радио или директно на радиото фреквенцијата 94,7 ФМ.
Покровители на настанот се ГТЦ Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност Идеа Лаб.
„ Карантинот не смее да ни ја одземе забавата, ова е време кога домовите ги претвораме и во ноќни клубови. Нека игра цела фамилија„, велат од Сити Радио.