Годишниот Виенскиот бал иско е зад нас, вреди да се кометира како моден настан кој спои најпознатите македонски инфлуенсери, политичари и јавни личности на едно место. Иако видовме на доста уникатни парчиња, црвената боја преовладуваше. За тоа дали направиле вистински избор дамите на балот, за Репортер, коментира младата модна критичарка Тина Димковска.
Дефинитивно моја омилена креација беше црвената екстраваганција од Елена Лука во која Дунавка Трифуновска блескаше, придружена со Горан Митров. Зборуваме за еден моќен црвен фустан составен од проѕирен црвен корсет и прилично опуштена сатенска сукња, со тул детали околу деколтето и на краевите од сукњата додавајќи волумен и форма на парчето. А пак, со шарената плико чанта и „мокра“ коса Дунавка додаде и еден модернистички допир на својот изглед.
Нормално, и Горан Митков воопшто не разочара со неговото едноставно, но уникатно сатенско одело. А мојот омилен детал е дефинитивно крстот и краватата на чевлите.
Агнеса Органџиесва се појави со интерпретација на познатиот „гол изглед“ (naked dress), но во едно жешко црвено издание. Таа носеше полу-проѕирен светкав црвен фустан на долги ракави, но со длабоко V-деколте. Парчето тул кое паѓаше во заднина од струкот надолу како и светкавите карнери околу вратот беа интересни детали, а истиот црвен светкав каиш беше тотално непотребен и кич детал според мене. Самиот изглед има добра база и идеа зад себе, но самата интерпретација делува доста кич и сè спротивно од висок котур.
Видовме и поминималистичко интерпретација од овие црвени креации на Марјана Станојковска со драматичниот црвен фустан со светкави цветни детали и драматична балска силуета. Длабокото деколте го додаде оној сексипил кој вакви по конзервативни парчиња едноставно го бараат, а карнерите на ракавите и тијарата едноставно беа еден неизбежен детал! Иако, би преферирала доколку тијарата не беше црвена. Обично ваквите црвено-на-црвено изгледи е многу тешко да се изведат за да изгледаат стилски и вкусно, а самата не сум љубител токму на овој црвен тренд.
Додека, доста секси момент ни прикажа Вера Мештеровиќ со овој проѕирен црн светкав фустан. Самата идеа на вакви голи парчиња, кои се доста тесни и со многу светки и детали не се нова работа во модата. Ги гледаме на скоро секој црвен тепих и во светски рамки. Но нешто со начинот на кој овој фустан паѓаше околу деколтето, како и самото стилизирање со бисерниот ѓердан и тијарата не ми делуваше модерно и свежо, барем мене. Самиот фустан како фустан иако беше во глобала интересен, сепак имаше одделни мани како пример катастрофално изваденото деколте и впечатлива постава кои се едно огромно модно НЕ.
Еден од можеби и најминималистичките изгледи беше сивиот фустан на Ирена Спировска. Самата нијанса на оваа бледо сива боја дефинитивно стоеше ужасно и не ги даде аристократските вибрации што го налагаше овој настан. Иако идејата на редење тул еден врз друг за убава и полна сукња е веќе видена, оваа интерпретација дефинитивно не ми се допадна. Сукњата изгледаше сиромашно, а горниот дел премногу обично. И ништо од ова не ми го покажа гламурот на вечерта.