Момчето на водителката Деа Ѓурѓевиќ, Младен Мијатовиќ во емисија на „Пинк“ раскажа што се случило вчера утрото кога неговата партнерка доживеа несреќа.
Младен вели дека српскиот водител Предраг Сарап бил меѓу првите кои пристигнале на местото на несреќата. Инцидентот се случил пред болницата „Драгиша Мишковиќ“, каде Деа Ѓурѓевиќ се здоби со повреда на раката.
Сарап изјавил дека прва која стигнала да ѝ помогне на неговата колешка била медицинска сестра која во тој кобен момент се возела во автобусот што ја удрил Деа.
„Тоа беше страшна несреќа. Цела среќа е што Деа сега е добро. Сакам да ѝ се заблагодарам на младата девојка, медицинска сестра, која прва стигна да ѝ помогне на Деа и да го запре првиот бран на крвавење. Се надевам на брзо заздравување и се надевам дека Деа брзо ќе се врати меѓу нас“, изјавил Сарап.
„Деа ги вклучила четиритетрепкачи и излегла да ја утврдат штетата со другиот возач. Во тој момент таа стоела на тротоарот, кога оддеднаш забележала како автобусот губи контрола и удира во неа“, изјавил Младен.
„Двете стоеле на тротоарот за да ја видат штетата и да се договорат што понатаму да првземат, дали ќе повикаат некого или да разменат контакти. Деа била речиси стигната на работното место каде што требала да снима емисија. Тука почнале да разговараат, а автобусот излетал на тротоарот и удрил директно во Деа. Автобусот ја приковал на ѕидот од болницата ‘Драгиша Мишовиќ’. Така приклештена, автобусот ја туркал Деа неколку метри“, вели Младен.
Додека автобусот ја туркал за ѕидот, на младата водителка на телевизија „Пинк“ ѝ била откината раката.
„Потоа уште еден автобус налетал на првиот, кој ја туркал Деа. Тогаш продолжил да се движи и удрил во два автомобила“, објаснил Мијатовиќ.
Лекарскиот тим предводен од професор доктор Марко Бумбаширевиќ изјавил дека операцијата траела пет часа и дека покрај тешките повреди, на крајот очекува дека ќе има добар исход.
Раката на водителката била успешно зашиена, а докторите се надеваат дека ќе успеат да ги вратат сите функции, но истовремено дека Деа ја чека долго закрепнување.
Точната причина за несреќата што се случила вчера утрото, а во која со тешки повреди се здобиле три лица, меѓу кои и Деа, засега не е официјално потврдена.
Драго Тошиќ, директорот на Конзорцијумот на приватни автопревозници, под кое биле автобусите кои учествувале во несреќата, тврди дека несреќата настанала поради голомразица на патот, кои биле предизвикани од пукната цевка. Од друга страна, во Водовод тврдат дека на патот немало голомразица.
Полицијата засега официјално се нема огласено по повод ваквата несреќа. Возачот на автобусот раскажал дека ја изгубил контролата над автобусот затоа што патот бил лизгав, поради водата што се излила по пукањето на цевката.
„Како што ми пренесе возачот, тој се обидел да ги заобиколи автомобилот на Деа и возилото кое таа го удрила. Но, автобусот удрил странично во едниот од нив, се одбил од него и така настанала несреќата. Во тие моменти, возачот не можел да има контрола над автобусот. Жал ми е што дојде до ваквиот настан“, раскажал Драго Тошиќ, директорот на Конзорцијумот на приватни автопревозници.
Возачот на автобусот имал 42 години и досега немал проблеми во сообраќајот.
„Тој изјавил дека возел бавно и дека водата се излеала низ улицата поради пукната цевка“, изјавил Драго.
Потоа следел уште еден удар кога на сите овие возила налетал и автобусот на линија 59.
„Улицата беше заледена. Автобусот 78, кој беше преполн, налета на автомобилот и на таа девојка. Слушнав дека има повредени и во автобусот“, изјавила една работничка во блиската трафика.
Од Водовод тврделе дека немало никакво замрзнување на местото на несреќата, како и тоа дека не знаеле за постоење на некаков дефект на ова место.
„Дефектот ни е пријавен од страна на Оперативниот центар на градот точно во 7:03 часот, така повикот е направен по несреќата. Цевката пукнала на раскрсницата на улицата Теодор Драјзер. Тука немало никакво изливање на вода, ниту создавање бара. Едноставно имало вода само на тротоарот. Водата се нема излеано на улицата Љутица Богдан“, велат од градското комунално претпријатие.