(ВИДЕО): Автомобил удри во човек на кружната трка во Скопје

На кружната трка во Скопје, која се одржа по пауза од седум години автомобил удри во човек кој ја следеше трката. Човекот бил на тротоар во близина на Македонската радио и телевизија, пренесува  a1on.mk.

Повреден е Александар Димушевски, организатор на трката, кој по несреќата е однесен приватна болница. Полесно се повредени возачот Урош Бркиќ и делегатот Милош Бркиќ.

Трката „Скопје круг 2017“ е во организација на АКК Примо АВЈ.

Натпреварувачите ја возеа традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ пред влезот во Скопски саем. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.

Scroll to Top