(Видео) Азејберџанецот кој со стара искршена „лада“ тргна да помага во Турција доби нов автомобил

Азербејџанецот кој со стар натоварен автомобил тргна кон Турција за да им помогне на настраданите од земјотресите, доби нов автомобил.

Сервер Беширли живее во Баку во трошна куќа, сега ќе вози нов автомобил кој му го подарил бизнисен. Клучевите од автомобилот му биле врачени на неговиот татко, бидејчи Сервер е сеуште во Турција во Адијаман.

„Ние многу добро знаеме како е да се биде бездомник и да се изгуби семејството на студот“, изјавил Сервер, кој решил со неговиот брат да замине за Турција и да им понуди помош.

„Иако нашето возило не е во добра состојба, доволно е добро да нѝ послужи да ја пренесеме помошта. И ние ја доживеавме оваа катастрофа, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние, туку и останатите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји помагаат. Бев сведок на една ситуација, кога дојде една девојка, го соблече капутот и го даде во хуманитарна цел“, изјавил Беширли.

Scroll to Top