(Видео) Бекам го игнорираше Меси при посета на ПСЖ

Бившиот англиски фудбалер Дејвид Бекам пред неколку дена го посети тренингот на ПСЖ и се прости од играчите на клубот во кој настапуваше. Тој имаше и средба со Лионел Меси.

Бекам целосно го игнорирал Меси, кога тој му ја подал раката да се поздрави. Од друга страна, Бекам срдечно го поздравува Серхи Рамос и Нејмар со кои разговарал неколку минути, додека на почетокот изгледал дека навистина нема време за Меси.

Потегот на Бекам не им се допаднал на навивачите на Меси, кои го критикувале бившиот англиски фудбалер на социјалните мрежи и му порачале дека така не се третира најдобриот играч на сите времиња. Она што дел пак од фановите на фудбалските легенди го коментираат е дека сигурно Бекам немал таква намера бидејќи познато е дека е голем фан на Меси, што многупати досега го докажал со објави на социјалните мрежи.

Сепак се појави уште едно видео на социјалните мрежи на кое Меси и Бекам срдечно се поздравуваат.

Scroll to Top