Рок-пејачката Дани Димитровска ја промовира новата песна „Време“ со која го освои второто место на годинашниов „Макфест“. Баладата ја направи Весна Малинова Бабамов, долгогодишна соработничка на пејачката, таа ги напиша текстот и музиката. Аранжманот на песната е на Киро Бабамов.
Новата песна на Дани им се бендиса и на фановите. Популарната пејачка доби бројни честитки за наградата, а и комплименти дека песната е преубава, како и сите нејзини претходни песни. „Тотално во твој стил. Знаев дека ти ја пееш уште на првата нота“, стои во коментарите што ѝ ги оставија обожавателите на социјалните мрежи.
Освен за песната, Дани доби пофалби и за изгледот. Пејачката се пофали дека сивиот и тегетот фустан што ги носеше во полуфиналето и во финалето на „Макфест“ за неа ги креирала дизајнерката Јована Филиповиќ.