Девојка за брзо стана хит во Србија, а и на балканот, откако ја снимија како лупи компири додека се вози во автобус. Девојката во розов фустан и потпетици го извади нож и на изнанедување на сите патници почна да ги љупи компирите. Видеото предивика голем број реакции и коментари кај многу твитерџии.
Jel moguće ovo da radite u gradskom prevozu 😫 pic.twitter.com/QmTjfP1oOH
— Nina Krunić (@nina_krunic) July 11, 2023
„Дали е можно ова да се прави во јавен превоз. Дали е можно ова да е реално?. Секако, печам и компири, бидејќи некои автобуси се како фурни. Веднаш би се оженил со неа. Наскоро во автобус ќе сушат месо“, биле само дел од коментарите.