Селин Дион и Џенифер Лопез настапија на модната ревија на прославата на 45-годишнината од брендот Elie Saab, која се одржа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.
Музичките диви позираа со дизајнерот Сааб, заедно со ѕвездите Хали Бери и Камила Кабело, а камерите го фатија непријатниот момент што ги поттикна гласините за нивната расправија.
Имено, додека им позирале на фотографите, Лопез го прегрна дизајнерот, но продолжи да гледа кон Дион, а фановите пишуваат дека изгледот на Лопез кажува се. Сепак, Дион во ниту еден момент не ја погледна Лопез, а коментарите почнаа да се слеваат под видеото.
„Гледајте како Џеј Ло ја гледа Селин Дион… Душо, нема споредба, Селин е кралица, сфати!“, „Џ. Ло не може да го тргне погледот од Селин. Затоа што е љубоморна, ете затоа“, „Толку е несигурна, Селин не ја ни погледна“, „Џеј Ло знае дека не може да ја надмине Селин Дион“, коментираат тие.