(Видео) Џулијан Асанж уапсен во Лондон

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж денес е уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон. По седум години поминати во амбасадата, каде што се криеше, Еквадор го повлече азилот на Асанж и тој е уапсен. Веста ја пренесе „Би-би-си“, а ја потврди британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид.

„Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и оти е соочен со правосудството во Британија“, рекол министерот.

Асанж се криеше во амбасадата на Еквадор од август 2012 година, од страв дека британските власти ќе го уапсат и ќе го екстрадираат во САД, кои го бараат заради објавување на илјадници тајни воени и дипломатски документи.

Scroll to Top