(Видео) Дру Баримор ги шокира гледачите со „одвратен“ потег во емисија

Дру Баримор повторно успеа да ги изненади, а многумина би рекле и да ги шокира, гледачите на нејзиното ток-шоу кога изведе прилично необичен чин пред камерите. 50-годишната актерка одеднаш ги соблече чевлите и чорапите за, како што рече, да ја „тестира својата теорија“ за мирисот на стапалата.

За време на сегментот на Дру Вести, водителското трио дискутираше за нега на стапалата, а во еден момент Баримор тврдеше дека нејзините стапала воопшто не мирисаат. За да го докаже тоа, таа побара помош од своите ко-водители, Рос Метјуз и Сани Андерсон. Без многу двоумење, ги крена босите стапала во воздух и понуди да ги помириса.

„Нема мирис“
Андерсон се сети дека веќе имала можност да ги помириса стапалата на актерката минатата година и рекла дека мирисаат „божествено“.

Метјуз се согласи. „Дру нема смрдливи стапала. Таа е девојка која мириса добро“, рече тој.

Водителите спроведоа анкета во публиката за тоа колку често ги мијат стапалата. Резултатите покажаа дека 87 проценти од публиката ги мијат стапалата дневно, 10 проценти еднаш неделно, 1 процент еднаш месечно, додека 2 проценти признаа дека никогаш не ги мијат. Кога една жена во публиката се обиде да го одбрани својот избор, Баримор рече: „Се туширам и неколку пати кога се обидов да ставам сапун на стапалата, речиси умрев, се лизнав и паднав“.

Ова не е прв пат стапалата на актерката да бидат во центарот на вниманието. За време на гостувањето во 2019 година во „The Late Show“ со Стивен Колберт, таа ги соблече чевлите за да го демонстрира својот талент за „кревање работи со нозете“. Ги нарече нозете нејзина „дополнителна рака“.

Таа објасни дека вештината е исклучително корисна, „особено кога имате деца“. Баримор, која ги има ќерките Олив (13) и Френки (11) со поранешниот сопруг Вил Копелман, живописно ја опиша ситуацијата: „Знаете, имате дете во едната рака и телефон во другата, нема шанси да не посегнете и да зграпчите бомбона со ногата. Моите нозе се тука кога ми треба дополнителна рака“, заклучи таа со смеа.

Scroll to Top