(Видео) Емотивна изведба на „Јано мори“ на 12-годишниот Ајдин од Босна

Ајдин Османовиќ од Босна и Херцеговина има 12 години и пее македонски песни. Ајдин има помош од неговиот професор Јасмин Брашњиќ, кој му е музичка поддршка, додека изведува песни во училница.

На видеата кои ги има објавено професорот Брашњиќ, Ајдин ги пее македонските изворини песни „Јано Мори“, „Зајди, зајди“.

„Неправилните ритмови, бараат или вродено чувство за такви „паузи“ или долгорочно вежбање. Во случајот на Ајдин, тоа е вродено чувство“, вели професорот.

Scroll to Top