(Видео) Ѓоковиќ ја пее „Македонско девојче“ пред македонските фанови

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ беше во одлично расположение по триумфот над Хуберт Хуркач во второто коло од Вимблдон. Во таа чест Србинот на својот Инстаграм профил разговараше со своите најверни фанови и им исполнуваше желби.

На најголемите фанови од Македонија, Ѓоковиќ им ја запеа песната „Македонско девојче“, а во меѓувреме разговараше со нив за градот Охрид.

Тенисерот кој е голем љубител на Охрид побара од нив и фотографии за да види колку е градот убав во текот на летниот период.

 

Scroll to Top