Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша вчера го нападна фотографот на српски „Курир“, Владимир Шпоровиќ, бидејќи ја сликал додека била на гробот на нејзината мајка, Дивна Карлеуша. Тој потоа снимил и видео на кое се гледа како Јелена му се заканува, го пцуе, плука и дави, па му вели дека ќе го „претепа како пи*ка“. Шпоровиќ по ова поднел кривична пријава против пејачката.
Тој вели дека откако Јелена забележала дека ја снимаат како си оди од гробиштата, таа со својата кола ѝ го попречила патот на колата во која била екипа на „Курир“. Излегла пред нив и почнала да вика и да им се заканува, а потоа и физички го нападнала снимателот.
„Да ти ја е*ам мртвата мајка во пи*ка ! Ајде надвор да те претепам како пи*ка“, му вели Јелена на фотографот кој седи во автомобилот, па му плука во лице низ отворениот прозорец.
Погледнете го видеото.