Откако во јуни беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција која можеше да има фатални последици, славната Мадона оваа есен ја продолжи турнејата „The Celebration Tour“.
Последните денови на интернет се појави видео од нејзиниот настап во Германија и провокативната изведба со една од танчерите.
Имено, на песната „Papa Don’t Preach“ Мадона и нејзината танчерка во долна облека, се гушкаа и допираа по интимните делови.
Видеото брзо предизвика лавина негативни коментари.
„Воопшто не ми се допаѓа ова. Тоа е како да гледам како баба ми го прави тоа“, „Дали таа мора да го привлече вниманието кон себе на овој начин“, „Таа има 65 години и ова е толку непријатно да се гледа“, напишаа фановите под снимката.