(ВИДЕО) Македонецот Борко пливаше со ајкули

Борко Наумовски, кој студирал на неколку факулетит во земјава, но и во Шведска и Германија, е светски патник. Има прошетано над 50 земји, во шест континенти во светот за три години. Говори три светски јазици. Работел сешто-од физиотерапевт и фудбалски судија, до спасител на вода, , личен тренер, јога инструктор, ТВ новинар, се до дипломатска работа за интернационални организации во Брисел и Зумба инструктор во Бразил. Патувањето е она што го прави среќен. Затоа и дошол до идејата да ја направи емисијата „Светски патник“ која од 9 декември ќе се прикажува на телевизија Телма. Но емисијата тој ќе ги прошета гледачите секаде низ светот. Вели дека има над 4000 видеа од најопасните гета, од бразилските карневали, па се до пливање со ајкули, скокање со параглајдер.

“’Идејата за травел емисија дојде многу изненадувачки. Работев една година во ТВ Телма како новинар и решив да заминам повторно од Македонија и да го шетам светот преку работа на брод . Идејата сепак ми ја наметна мојата мајка, која ми рече дека додека патувам ќе имам можност да снимам многу емисии. Јас ги обожавам предизвици веднаш почнав да спремам идеи“, вели Борко Наумовски.

Тој вели дека филмови за Индијанци, за Арапи, за Азија, за Абориџините и неговиот омилен филм за Рапа Нуи, се причината зардаи која решл да патува низ светот.

„Како тинејџер одлучив сам да патувам прво со воз низ Балканот, па како апсовлент кога сите одеа низ Европа, јас сам отидов на месец дена во Индија“, открива светскиот патник.

Тој открива дека бил и во гетата во Бразил, на Афрички острови, во Руски опасни клубови. Особено го сака Бразил, за кој вели дека луѓето се неверојатно позитивни, имаат преубава енергија

„Но, Бразилките не се верни по природа и Бразил е прилично опасен, така што кога ќе се оженам идеален дом за моето семејство би бил Нов Зеланд“, открива Борко.

Scroll to Top