(Видео) Македонските фудбалерки загубија од Замбија во последната минута

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби од Замбија на првиот натпревар на турнирот „Туркиш Куп“ во Аланија. Голот го примија во последната минута од натореварот од Грејс Чандал по асистенција на Хелен Чанда. Покрај Замбија, Македонија во групата е и со Бугарија и Естонија.

За потсетување во последните десет години имаме само пет победи, две против Летонија на последното Светско, и две против Казахстан во квалификациите за Европското. Има една победа и две нерешни со Косово, а нерешено одиграа и со Естонија во 2014 година.

Натпреварот со Бугарија ќе го играат за два дена, а последниот натпревар против Естонија ќе го играат на 21 февруари.

 

Scroll to Top