(Видео) Македонските тенисерки предводени од Ѓорческа се пласираа во Втората Евроафриканска зона

Женската тениска репрезентација на Македонија се пласираше во Третата европска зона од „Били Џин Кинк“ купот, по денешната победа во финалето над Ерменија со 2:1. Со овој резултат Македонија ќе се најде ранг погоре во 2024 година.

Иако Ерменките поведоа со 1:0, сепак Македонија направи пресврт. Прво Мурадјан ја победи Стоилковска со 1:0, а потоа нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа без загубен сет двапати ја победи Давтјан со по 6:0. Победникот се решаваше во двојки, а Македонија тука беше подобра со 6:3 и 6:2.

Во втората Евроафиканска зона Македонија ќе има противници како Литванија, БиХ, Естонија, Израел.

Scroll to Top