(Видео) Малата Божица го победи ракот и заѕвони на победничкото ѕвонче

Малата Божица, кое боледуваше од рак, заѕвони на победничкото ѕвонче и си отиде дома откако ја победи тешката болест. Од САНО, здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, ја споделија веста дека Божица си оди од Клиниката за детски болести .

„Другари, уште едно дете денес го победи ракот и си оди дома. Многу среќа ни донесе оваа наша Божица. Видеото е одобрено за објава од родител,“ велат од САНО а, видеото го објавија на нивната Фејсбук страница.

Scroll to Top