Додека го пееше еден од своите најголеми хитови кој го направи на почетокот на кариерата, Бритни Спирс не ни насети дека ќе и следи вистински шок.
На концертот, една од најголемите светски музички ѕвезди Бритни Спирс, во Лас Вегас, и се случи инцидент, во кој, благодарение на брзата реакција на обезбедувањето, немаше никакви последици.
Додека Бритни го пееше својог голем и прв хит во кариерата, песната „Crazy“, на бината успеа да се качи човек од публиката, кој обезбедувањето веднаш го спречи да и се приближи на пејачката.
Британи Спирс уплашено погледна и праша дали има пиштол, додека околу нејзе стоеше обезбедувањето, а потоа ја изнесоа од бината.
Неколку момци од обезбедувањето го решија проблемот со напаѓачот, кој беше пријавен во полиција, а се испостави дека станува збор за 37 годишниот Џеси Веб, чии намери засега не се познати.
Погледнете ја снимката: