(Видео) Милан Калиниќ се степа со навивач на „Црвена ѕвезда“

Вчеравечер, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар Црвена ѕвезда – Партизан во Белград, глумецот Милан Калиниќ се степа со навивач на „Ѕвезда“. Тепачката се случи во ВИП делот на спортската сала „Пионир“, покрај теренот, а телевизиски екипи го снимиле инцидентот.

Навивачот потоа го обвини Калиниќ дека тој прв го удрил. Ситуацијата да ја смири поранешниот министер за одбрана на Србија, Драган Шутановац. Наводно тепачката била поради местото за седење.

По тепачката, Калиниќ за српските медиуми рекол дека на натпреварот дошол сам како и секогаш и дека нема друг коментар за настанот.

Видеото од тепачката може да го погледнете ТУКА.

Scroll to Top