(Видео) Момче и девојка се запросија во исто време во Дизниленд

Момче и девојка се запросија во исто време во Дизниленд. Видеото кое го објавија на „Инстаграм“ за брзо стана популарно и има над 500.000 прегледи. Девојката сакала да го запроси партнерот, но не знаела дека ист му бил планот и на него. Таа клекнала пред него и го извадила прстенот, а во истиот момент тој почнал да се смее и го извадил неговиот прстен. Па ѝ тој клекнал.

„Тие се навистина сродни души. Создадени се еден за друг. Ова е добар знак дека ќе им биде убаво во животот. Ми го разубавија денот“, им коментирале фановите.

За потсетување, Дизниленд е идеално место за многумина за запросување.

Scroll to Top