(Видео) Неда Украден: Имам 69 години, но сè уште сум лавица

Пејачката Неда Украден вели дека не се плаши од староста, а својот младешки изглед е резултат на напорните тренинзи. За себе Неда вели дека е 100% природна.

„Симпатично ми е тоа што ме нарекуваат најсекси баба на Балканот. Тоа го доживувам како комплимент“, вели Неда, која неодамна наполни 69. години.

Пејачката во моментов летува во Боки Которска, каде има викендичка. Таму традиционално ги прославува родендените со своето семејство.

„Беше голема веселба која траеше до зората. Ден потоа заминав во Романија каде одржав концерт, но домашните знаеја дека имав роденден, па и тамуго прославив. Кога ќе ме прашаат дали се плашам од староста, им велам дека тоа е голема привилегија и среќа да се доживеат така убави години“, вели Неда.

Пејачката вели дека нема силикони и нема направено никакви естетски зафати. Неда секогаш се труди да биде витка и еластична, првенствено поради здравјето. Нејзината рабта бара напор, затоа што трае до доцните часови во ноќта, а често се појавува и со чевли со високи потпетици на концертите.

„Не е лесно да се издржи во такви чевли“ вели Неда, која за својот младолик изглед вели дека е благодарение и на генетиката и тренинзите.

„Еве и денес станав рано за да вежбам. Немам многу време за во теретана и фитнес центрите. Работата е таква што често ги менувам градовите и државите“, изјавила Неда која додала дека многу плива и сака да игра тенис.

Ова лето таа ги комбинирала работата и одморот, а најмногу сака да плива на Јадранот. Нејзините омилени дестинации и се Хвар, Брач, Корчула, Опатија и Дубровник.

„Цела Хрватска ми е преубава. Најубаво море на светот е Јадранското. Тоа ви го велам како човек кој го обиколил светот и престојувал во многу скапи хотели. Бев на светски џет-сет дестинации. Од Малдивите до Родос, но секој пат сум се каела. Нема никаде во светот како нашето море, храна, луѓе, вода и вино“, вели Неда.

Освен пливањето, пејачката често вели дека сака и да позира. Своите фотографии ги објавува на социјалните мрежи. Неодамна на големо задоволство на своите фанови, таа објави фотографии од костими за капење.

„Многу девојки можат да ти позавидат“, „Совршена си жено“, „иЗа некои годините се само бројка“, биле некои од коментарите кои пејачката ги добила од фановите.

Неда Украден е баба на три внуци, близначките Неда и Александра и малиот Душан. Таа вели дека секој слободен момент го користи за да се дружи со нив.

Scroll to Top