За младиот пејач Јосиф малкумина знаат дека е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера – заедно ја отпеаја песната „VYBE“.
По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“.
„Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“.
„Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф.