(Видео) Новинарка за малку ќе го расплачеше Меси

По победата на Хрватска, Лионел Меси даваше изјави за медиумите, а една од новинарките, место да го праша, само одржа краток говор по кој фудбалската ѕевзда ќе се расплачеше.

„Не сакам да те прашувам ништо туку само да ти кажам нешто. Ни претстои финалето на Мундијалот и желба на сите е да го освоиме. Без разлика на резултатите постојат многу причини зошто секој Аргентинец треба да биде горд. Тоа ти го кажувам искрено. Нема дете кое не ти се восхитува. Им ги разубаве животите на сите. И тоа за нас е многу повеќе од било кој трофеј. Тоа не може никој да ти го одземе, голема благодарност од народот за моментите на среќа кои ни ги донесе. Ти благодарам“, му рече новинарката на Меси.

За потсетување, Аргентина ја победи Хрватска во полуфинале со 3:0, а во финалето ќе го чека победникот од Франција и Мароко. Меси најави дека натпреварот во недела ќе му биде последен во кариерата за Аргентина.

„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Светското првенство. В недела ќе играм најдобро што можам, верувам дека ќе успееме да го исполниме сонот. Уживам на ова Светско првенство“, рече Меси.

Scroll to Top