Новиот филм „Време за среќа“, во кој играат познатите турски актери Бариш Ардуч и Елцин Сангу, на 10 ноември ќе ја има својата премиера во Турција. Деновиве на интернет, покрај видеонајавата за филмот, веќе се појавија и нови фотографии од неколку сцени. Но, и нивниот дует. Видеото е пуштено на „Инстаграм“, а актерите Бариш и Елцин пејат заедно.
Со улогите на Омер и Дефне во серијата „Изнајмена љубов“ ја освоија публиката. Нивните обожаватели јавно навиваат нивната фимска љубов да стане и вистинска. Неодамна беше објавено дека Бариш ја раскинал врската со свршеницата Гузепе и дека наводно причината била тоа што повторно прифатил да глуми со Елцин Сангу.