(Видео) Песна на Рики Мартин прогласена за културно наследство

Во 1999 година Рики Мартин ја издаде песната „Livin’ la Vida Loca“ . По ова, многу музички ѕвезди со латинско потекло почнаа да снимаат и албуми на англиски јазик, а меѓу нив беа и Енрике Иглесијас, Марк Ентони, Шакира, Паулина Рубио, Талија и многу други, зачувувајќи го препознатливиот звук, но рушејќи ја јазичната бариера.

Оваа песна постигна платинест тираж и е еден од најпродаваните синглови на сите времиња. Поради тоа, музичките критичари ја прогласија за вистинско културно музичко наследство.

„Livin’ la Vida Loca“ се задржа со недели на листите на МТВ и Билборд, а според ВХ1 се наоѓа на 28. место на 100-те најдобри песни од 90-тите.

Scroll to Top