(Видео) Погребан поранешниот претседател Џорџ Буш постариот

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот, е погребан во кампусот на Универзитетот „Еј енд Ем“, A&M во Хјустон, во Тексас, каде се наоѓа неговата претседателска библиотека.

Буш постарот е погребан за време на приватна церемонија на која присуствувале членовите од неговото семејство.

По церемониите одржани во Капитол Хил и во Националната катедрала во Вашингтон, организирана е и церемонија во црква во Хјустон, која често била посетувана од неговото семејство. Ковчегот потоа е пренесен во кампусот A&M каде е ѝ погребан.

Пред погребот, колоната ја поздравија околу 2100 кадети во унифори, кои биле распоредени на патот.

Scroll to Top