(Видео) Пораснав со твоите филмови, сакаш да се боксуваме: Папата и Сталоне во Ватикан

Актерoт Силвестер Сталоне, го посети Ватикан и се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Актерот во придружба на сопругата, трите ќерки Софија, Систин и Скарлет, како и неговиот брат Франк, биле во Апостолската палата. По краткото претставување на членовите на семејството, Силвестер му се заблагодарил на папата што одвоил време да се сретне со нив, по што дознал дека папата ги гледал неговите филмови.

„Ви благодариме што нѐ примивте, иако сте во голема гужва, навистина го ценам тоа“, изјавил актерот.

 

 

Папата бил љубезен и му одговорил на актерот: “Тоа е голема чест за мене. Пораснав гледајќи ги твоите филмови!”

Сталоне тогаш реши да се пошегува со папата поставувајќи му едно необично прашање: „Дали сте подготвени да боксуваме?

Силвестер Сталоне еднаш истакна дека е голем верник, а потоа изјави дека сѐ во животот постигнал благодарение на Бога.

Scroll to Top