(Видео) Познатата актерка призна дека и натаму е девица, има 39 години, а не сака да има односи пред брак

Американско-нигериската актерка и комичарка Ивон Орџи (39), позната по улогата на Моли Картер во серијата „Несигурни“, во подкастот „Драга Челзи“ на Челзи Хендлер откри дека се’ уште е девица.

– Дали сте уште девица? – праша водителката, на што Ивон кратко одговори:

-Да – потврди актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea Handler (@chelseahandler)

– Ова е најоригиналниот гостин што сме го имале досега – низ смеа изјави водителката Челзи и ја праша Ивон колку години има.

– О Боже мој, таа брана ќе се скрши еден ден – рече Моли.

– Сексуалната кулминација ќе ја достигнете кога ќе започнете со односи, па да, веројатно ќе ви требаат неколку мажи – и порача Челзи, а нивниот разговор можете да го слушнете во видеото подолу.

Ивон и претходно јавно проговори за тоа, нагласувајќи дека нема да има односи пред да стапи во брак.

– Луѓето прашуваат за тоа затоа што се љубопитни или можеби не разбираат. Како воопшто ќе разберат ако не зборувам за тоа? Секој на некој начин создава свои мислења за тоа – изјави еднаш познатата актерка.

Scroll to Top