(Видео) Принцезата не знае да држи тава, ја критикуваа Кејт Мидлтон додека прави палачинки во дом за стари лица

За време на посетата на домот за стари лица, принцезата од Велс Кејт Мидлтон решила да ги покаже своите кулинарски вештини кои за малку ќе завршеле со катастрофа откако решила да помогне во правењето палачинки. Принцезата од Велс се обидувала да направи палачинки со пензионери во дом за стари лица, а видеото од таму набрзо стана хит на социјалните мрежи.

На видеото од посетата, Кејт се мачи со тестото од тавата, па на шега им порача на вработените да не кажуваат никому колку лошо го направила тоа. Додека се обидува да ја излупи палачинката од тавата, тестото се подели два дела. На крајот успеа да ја преврти палачинката, што предизвика овации од присутните во собата.

Откако се бореше да направи палачинка, принцезата го опиша својот финален производ како „затрупана дупка“. Кејт се пошегува да не се јаде нејзината палачинка.

Извинувајќи се, таа потоа му рече на готвачот: “Жал ми е. Навистина не те испочитував. Дали сакаш да им покажеш како да го прават тоа правилно?”.

Луѓето беа поделени, а некои ја охрабрија да продолжи да се обидува, додека други истакнаа дека е срамота затоа што не може да направи ни палачинка.

„Како ги правите за вашите деца и дали некогаш сте ги направиле“, „Срамота, таа само позира и се појавува на настани, не и е грижа за ништо друго“, „Принцезата смее да не знае да држи тава“, се само дел од коментарите.

 

Scroll to Top