(Видео) Пристигна Новата година, први кои ја дочекаа беа жителите на Кирибати, Самоа, Нов Зеланд и Австралија

Новата 2023 година веќе пристигна, а први кои ја дочекаа беа жителите на островот Лаеин, кој припаѓа на островската држава Кирибати во Тихиот Океан, како и на Самоа. Кирибати се наоѓа во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите.

Република Кирибати е островска земја чии 33 атоли, корални острови, распространети се на повеќе од 1.351.000 квадратни километри во областа околу екваторот. Земјата припаѓа на земјите од Комонвелтот и има околу 103.000 жители кои живеат во 21 провинција.

По Кирибати, Новата година ја дочекаа и жителите на Далечниот Исток на Азија и Нов Зеланд, а потоа следеа Австралија, Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји. Дури потоа ќе пристигне во Европа и Африка, а потоа и двата американски континенти.

„Full Circle“ завршува на полноќ на 31 декември на Пацификот на Хаваите, Американската Самоа и островите Мидвеј.

Scroll to Top