(Видео) Раперот Јала Брат за време на настап, падна во дупка и се струполи под сцена

Босанскиот рапер Јала Брат (36) во саботата настапи на плажата Зрче во Хрватсла. Бината ја делеше со колегата Буба Корели, а двајцата носеа црни очила за сонце. Додека Јала пееше не ја погледната дупката која беше дел од сцената. И кога со една нога сакаше да се помести, целиот се струполи под бината.

Публиката била изненадена, а на помош веднаш притрчал еден колега рапер. Јала го објави видеото од падот на Тик ток.

„Добро сум. Се е во ред. Ти благодарам, Зрче“, напиша тој.

Јала Брат неодамна стана првиот балкански изведувач со еден милион месечни слушатели на Спотифај.

@jalabrat

Dobar sam, sve ok 🤍. Hvala Zrce

♬ original sound – savastano381

Scroll to Top