(Видео) Реакцијата на актерката Џејн Фонда на Канскиот фестивал стана хит на социјалните мрежи

Познатата актерка Џејн Фонда, го одбележа и ова издание на Канскиот филмски фестивал, а посебно внимание привлече еден момент од сцената, што ја насмеа и публиката.

Откако актерката и ја врачи наградата „Златна палма“  на режисерката на филмот Anatomy of a Fall, во моментот кога таа тргнува во друг правец да се поздрави со присутните на сцената, актерката удира по режисерката со свиок.

Ова видео за кратко време брзо се прошири на Твитер. Реакцијата на Фонда била таква затоа што режисерката ја заборавила наградата, а бидејќи Џејн не можела да ја повика да се врати, таа со свиокот фрла по режисерката.

Режисерката била свртена со грбот кон Фонда па не видела што се случува.

 

Scroll to Top