(Видео) Само три минути му беа потребни на Меси да даде гол против тимот на Роналдо во Саудиска Арабија

Фудбалерите на Пари Сен Жермен во Ријад победија во синоќешниот пријателски натпревар против тимот на Роналдо комбиниран со играчи од Ал Наср и Ал Хилал. Најголемо внимание привлекоа Роналдо и Меси, кои одамна немаа играно еден против друг.

Португалецот даде два гола, а Меси еден. На крајот ПСЖ победи со 5:4. За францускиот тим голови дадоа и Маркињос, Мбапе, Рамос, и Екитике. Нејмар промаши пенал, а Бернат во првиот дел заработи црвен картон.

Scroll to Top