(Видео) „Сан“ објави снимка од Роналдо и девојката која го обвини за силување

Британски „Сан“  објави снимка од ноќното дружење на Кристијано Роналдо и девојката која го обвини дека ја силувал во 2009 година, Кетрин Мајорга. На видеото се гледа како двајцата се забавуваат во дискотека во Лас Вегас.

Снимката наводно настанала во ноќниот клуб „Син Сити“, а на истата се гледа како фудбалерот на Јувентус игра и ја прегрнува и бакнува Мајорга.

Кетрин сега тврди дека Роналдо по таа ноќ во диското ја нападнал и сексуално ја искористил во пентхаусот во „Палмс Касиро ресорт“.

Според нејзините тврдења, Роналдо го запознала во јуни 2009 година во еден ноќен клуб, по што завршиле во луксузен апартман во хотелот „Палмс“. Фудбалерот на почетокот тврдел дека се работело за договор за секс, неколку месеци подоцна во јавноста се открило дека неговите адвокати и непознатата девојка постигнале договор во кој на Кетрин ѝ се исплатени 375 000 долари за таа да молчи.

Но, девет години подоцна адвокатот на Кетрин подигнал нова тужба против Роналдо, откако неколку месеци го проучувал случајот.

„Целта ни е да ја поништиме спогодбата и договорот за молк. Мојата клиентка не била способна да го потпише тој договор со кој ѝ е нанесена голема психолошка штета. Тоа го прави овој договор неважечки“, велат од адвокатскиот тим на Кетрин.

Германскиот весник „Шпигел“ пишува дека на почетокот Кетрин се плашела од славата на Роналдо и не сакала да го открие случајот за нејзиното име да не се појави во весниците.

33-годишниот Роналдо ги отфрли ваквите обвинувања и тврди дека против него се изнесуваат лаги.

Scroll to Top