(Видео) Се појави трејлерот за втората сезона на серијата „Ова сме ние“

Авторите на една од најгледаните драми минатата година, серијата „Ова сме ние“, деновиве го пуштија трејлерот за втората сезона.

Семејната драма која го следи животот на Ребека и Џек Пиарсон и нивните три деца Кевин, Кејт и Рендал е една од најемотивните серии направена во последните неколку години, а публиката ширум светот е со солзи во очите по секоја епизода.

Втората сезона на серијата во Америка ќе почне да се прикажува на 25 септември. Во главните улоги настапуваат Менди Мур, Мило Вантемиља, Криси Мец, Џастин Хартли и Стерлинг К. Браун.

Scroll to Top