(Видео) Синтија Никсон и партнерката скроз гола во лезбиска сцена во новото продолжение на „Сексот и градот“

Актерката Синтија Никсон, која ја толкуваше улогата на Миранда во „Сексот и градот“, но и продолжението на оваа култна серија „И баш така“, сними сосема гола сцена во која води љубов со својата девојка.

За време на премиерата на втората сезона од продолжението на „Сексот и градот“, сексот дефинитивно се враќа. Веќе во првите сцени имавме можност да видиме нови и стари ликови како водат љубов со своите нови и стари партнери, а посебно внимание привлече Миранда.

Таа отпатува во Лос Анџелес со небинарниот Че, нејзиниот партнер или партнерка – со оглед на тоа што Че ги користи заменките „Тие“ и се декларира дека е родово неутрална. Во еден момент Миранда се појавува целосно гола во бањата, но ќе се појави и во базенот со Че, каде што апсолутно ниту еден дел од телото не е покриен.

Можете да ја видите буквално секоја точка и секоја несовршеност, поради што епизодата доби подеднаков дел од пофалби и критики.

Новиот „Сексот и градот“ неодамна беше премиерно прикажан на стриминг сервисот HBO Max, а секој понеделник, наше време, излегува нова епизода.

Scroll to Top