(Видео) Скокна на бина и го зеде микрофонот на британската претставничка на Евросонг

Додека настапуваше претставничката на Велика Британија, Сури, се случи скандал и голем пропуст на организаторите.

Маж истрча на бината и и го зеде микрофонот. Реагираше обезбедувањето, а по настапот на претставничката на Велика Британија беше направена пауза за да се смири ситуацијата.

Сури не можеше да се воздржи и заплака. Не можеше да поверува дека вакво нешто може да и се случи за време на најважниот настап.

Scroll to Top