Продолжува бизарниот тренд на фрлање предмети по музичарите. Тејлор Свифт беше принудена да се заштити и да се скрие додека кон неа фрлаа предмети за време на нејзината турнеја Ерас. Пејачката излезе од сцената опкружена со обезбедување кое се обиде да ја заштити од работите кои летаа кон неа.
Видеото беше објавено на Тик ток и налути многу обожаватели на пејачката. Тејлор стана најновата жртва на бизарното однесување на публиката. Хари Стајлс бил погоден од непознат предмет за време на саботниот настап во Виена. Тој се виткаше од болка, држејќи го лицето во рацете.
@natashalitle11 @Taylor Swift @Taylor Nation I was enchanted to (kind of) meet you🫶🫶🫶#kctstheerastour #taylorswift #swifttok #KCN2 ♬ original sound – Natasha Litle