(Видео) Туристичкиот водич Стефан од Скопје среде Сингапур згрме свирејќи ја “Македонско девојче”

Стефан Савевски е туристички водич кој покрај тоа што ужива во патувањата, сака да ги анимира туристите додека се на патување со доза музика.

Стефан среде Сингапур направи вистинско шоу и ја отсвире „Македонско девојче“ додека туристите снимаа со мобилни телефони и аплаудираа во ритамот на песната. А шоуто го започна со класична музика, „Турскиот марш“ од Моцарт.

Инаку Стефан најмногу е воодушевен од патувањето во Индија и од „Иша Јога центарот“ каде престојувал за време на пандемијата.

„По 3 дена и ноќи патување, 5 летови и 40+ часа одмор на различни аеродроми, јас всушност направив една работа правилно, стигнав среде џунгла во Јужна Индија“, раскажува Стефан за Репортер.

Ваквиот предизвик го направил поради тоа што не му се допаѓал начинот на живот кој го водел, не бил среќен и исполнет и секогаш трагал по нешто ново и започнал да се занимава со јога.

„Целото мое животно искуство почна да се менува секојдневно. Почнав да наоѓам огромна радост во правењето на наједноставните работи и конечно да бидам спокоен – каде сум и како сум. Моите односи со луѓето околу мене се сменија целосно, на подобро. Ова започна да се случува само со следење на курс од 7 видеа наречени „Внатрешно инженерство и имплементирање на едноставна практика во мојата секојдневна рутина““, раскажува Стефан, кој вели дека постои начин да се живее во потполност, да се има најдлабокото животно искуство без да се заплеткате и секогаш да бидете среќни.

 

Scroll to Top