ВИДЕО: Туристите безобразно го окупираа тајниот рај на Швајцарија

By

Едно тивко село во Швајцарија одеднаш стана вистинска туристичка атракција која секој сака да ја посети.

Планинското место Лавертеко во швајцарскиот кантон Тичино, се прослави со едно видео на социјалните мрежи во кое еден посетител се капе во смарагдните води на реката Верзаска која изгледа како од бјаките.

Видеото е наречено „Малдиви Милана“ и има милиони прегледи за нешто помалку од месец дена.

– Туристите кои немаат почитување кон ништо доаѓаат во ова место и го расипуваат животот на домашното население, се жалат мештаните.

Шишиња, цигари, амбалажи и лименки сега пливаат во реката, а градоначалникот повикува на пристојност.

Ќе ви се допадне