Меѓународно признатиот вирусолог, докторката Ана Глигиќ, која прва го изолираше опасниот Марбург вирус и која беше шеф на лабораторија за време на епидемијата на Вариола вера за српската телевизија Н1 уверува дека вирусот е сосема ослабнат и ќе исчезне.
– Вирусот не е супстракт што го сака човекот, тој да, завршува во човекот, но со пасажирање низ човекот тој слабеее и ние викаме тој завршил во слепа улица. На прашање дали слебее вирусот, таа вели дека со одредени мерки се намалиле можности за пренос на вирусот од човек на човек.
– Сега е готово, ослабнат е доволно, ќе има уште џебови, кога ќе наиде на компромитирана личност, но епидемијата е речиси завршена.
Треба следење уште неколку дена, но пандемијата и епидемијата ќе се прогласат за готови и завршени, вели таа.
– Иако има поединечни случаи, такви ќе ги има по цела година. Ако вирусот настанал во Кина навистина, како што велат извори од Кина, преку пренос преку мравојади, и тоа некој што дошол од друга средина, не кинескиот мравојад, тие увезле, и тој се разболел од коронавирус. Ако се случило тоа не мора да стравуваме дека ќе бидеме бустирани од некој коронавирус од Европа. Но ако вирусот настанал од лилјаци, тогаш може да се случи да имаме секоја година и да премине во сезонски тип, вели Глигиќ која сепак смета дека е повеќе веројатна првата опција.
Постојат повеќе слоеви на вирусот . Тоа ја комплицира ситуација, вирусот е од 100 до 160 нанометри и е прилагодлив на одредени врсти келии. Има една ланчана РНК и таа е погодна за мутации. Ние веќе имаме поголем број видови, дури и 18, и тоа го комплицира правењето на вакцината. Експертите од сите земји треба да се договорат кои од тие видови најмногу се појавува или се најопасни во циркулација. Затоа јас цело време јас тврдам дека за класична вакцина треба најмалку една година до 15 месеци.
Кога вирусот влегува во човекот секој реагира различно, некој има тешка слика, некој нема ништо. Се доаѓа до заклучок дека дошло до диференцијација на вирусот во однос на вирусот, односно со пасажирањето низ човекот вирусот се менува во еден или друг правец.
Постојат податоци од кинеските научници кои се публикнувани, кои го дадоа периодот на инкубација. Тие споредуваа инкубација помеѓу САРС, МЕРС и овој вирус, испадна дека инкубација е од 1 до 25 дена, но во просек е 14 дена. Треба внимателно да се видат последиците од така долга инкубација, затоа доаѓа до експлозија како што се случи во Бухан и така се губи контролата над вирусот.
Српкиот вирусолог ги објаснува и случаите кога некои немале контакт, а се разболеле од вирусот, иако се многу поретки. Според неа, како и секој вирус и овој може да се задржува во воздухот некое време, но многу повеќе на предметите и на тлото.
– Во старт не ми беше јасно како толкав број се заразени, зошто по илјадници луѓе на еден ден? Тогаш сфатив. Вирусот се одржува во надворешната средина, Кинезите рекоа дека со часови може да остане на предметите околу заразените. Пример, една квака е заразена со кашлање, вирусот може да се оддржи доста долго време. Руските научници кога дојоа и ги дезинфицираа улиците, се ми беше јасно.
Тој со сушење се конзервира, а ние како прашина која се подига, може да го внесеме и да го активираме во нашиот организам. Тоа за мене беше објаснување зашто имаме 1000 заболени на ден.
Во воздухот капките бараат келија во носот или очите, тој не останува тука, само ја прави првата продукција и атакува кон органите каде има афинетет.
Втор бран не очекувам од овој вирус, да кажам можеби а малку храбро, создаден е каков-таков имунитет, народот научи да се пази, но ќе имаме џепови и поединечни случаи. Според неа, 50 проценти од тие што го имаат коронавирус нема ниту да се јават на лекар.
– Според моето искуство, сите вируси бргу пропаѓаат, а им пречи и светлото и сончевите зраци посебно на тоа што паѓа околу заразениот во вид на капки. Останувам на тоа дека џебови мора да очекуваме и многи брзо да знаеме да реагираме во тој случај. Ако ги елиминираме тие жаришта и можно е да немаме повеќе епидемија. Моето искуство зборува дека за некој вирус се потребни неколку години за повторно да се појави, вели Глигиќ.