Викторија Бекам го слави 46. роденден

Познатата дизјерка Викторија Бекам денес го слави 46 роденден. Таа објави на социјалните мрежи објави дека планира да направи голема забава, а на истата можат да бидат сите поканети, затоа што ќе се одржи онлајн.

Сопругата на популарниот фудбалер Дејвид Бекам на „Инстаграм“ објави дека ќе ги почитува правилата за одржување на социјално растојание. Забавата објави дека ќе почне во 20 часот, а на истата ќе има музика во избор на британскиот диџет Фет Тони. На репертоарот ќе се најдат и нејзините омилени песни.

Поранешната спајсица побарала од нејзиното семејство и пријателите специфичен подарок. Таа ги замолила парите кои сакале да ги потрошат за неа, да ги пренасочат на здружението кое се занимава со заштита на децата изложени на насилство. Таа напоменала дека оваа група на деца се посебно изложени во периодот на пандемија и потребно им е дополнително осигурување.

 

Scroll to Top