Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон сакаат нивните деца да растат какон и нивните врсници. Најстариот син на Кејт и Вилијам, принцот Џорџ оваа сабота го слави својот десетти роденден. Во британското кралско семејство во тие години има и некои службени обврски кои секој член на семејството треба да ги извршува.
На пример, на десетгодишна возраст, децата на кралското семејство мора да ги прифатат обврските во воената служба, а со тек на време и да го отслужат воениот рок.
„Традицијата за приклучување на кралското семејство во вооружените сили, дури и за кратки периоди, на монархијата и го дава пресудниот легитимитет. Во теорија, принцот Џорџ ништо не го спречува да оствари кариера, на пример, на пример, ако е тоа што тој го сака, а подоцна да стане крал. Правилата сега се поразлични и тој не мора да ја следи формулата за заминување во војската“, вели историчарот Доминик Сендбрук.
Кејт и Вилијам се решени да им овозможат на своите деца Шарлот, Џорџ и Луис што е можно понормално детство, кое вклучува слобода да ги следат своите интереси.
Принцот Вилијам бил во вооружените сили повеќе од седум години, а неговиот помлад брат, принцот Хари дури беше на должност во воена зона во Авганистан.