Внукот на Роберт де Ниро починал во неговиот стан, до него била пронајдена дрога

По веста за смртта на 19-годишниот внук на познатиот актер Роберт де Ниро, Леандро Де Ниро Родригез, откриено е дека неговото тело било пронајдено во еднособен стан на Вол Стрит, а до него била пронајдена дрога, пренесува Дејли мејл.

Инаку, веста за неговата смрт ја сподели неговата мајка Дрена Де Ниро (51).

„Мојот прекрасен сладок ангел. Те сакав неописливо од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам сега да бев со тебе“, напишала таа на социјалните мрежи

А неговиот татко Карлос изјави на социјалните мрежи: „Зборовите не се доволни за да се искаже радоста што ни ја даде и загубата што сега ја трпиме со нашите семејства и пријатели. Тој сега е Божјо дете. На оваа полна месечина, неговиот дух го осветлува она што не може да се види во темнината“, напиша тој.

Да потсетиме, Леандро се занимаваше со глума, а најпозната улога му беше во филмот „А стар ис борн“. Неговата мајка Дрена беше посвоена од Роберт де Ниро и го зеде неговото презиме откако актерот се ожени со нејзината мајка Дијана Абот во 1976 година.

Scroll to Top