Пејачката Бијонсе (41) ги изненади своите обожаватели со провокативна фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил. Таа позираше во проѕирен фустан со светки и златен корсет, а целиот изглед го заокружи со модерни златни очила.
Она што најмногу ги изненади фановите е фактот што Бијонсе не носеше градник под фустанот. Таа ги покри само брадавиците со ленти. За овие објави Бијонсе добра повеќе од 4 милиони лајкови.
Пејачката оваа комбинација ја одбрала за приватната забава која ја приреди со својот сопруг, раперот и продуцент Џеј Зи по Оскарите.
Да потсетиме, на овогодинешното доделување на Греми наградите, пејачката освои награди во дури четири категории за нејзиниот нов албум Renaissance.
View this post on Instagram