Водителката Каролин Флек пронајдена мртва

Каролин Флек, поранешната водителка на британското ријалити-шоу „Љубовен остров“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше 40 години. Веста за смртта ја потврди нејзиното семејство, а „Би-би-си“ пишува дека водителката се самоубила.

„Можеме да потврдиме дека нашата Каролин почина денеска на 15 февруари. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти и ги молиме медиумите да не се обидуваат да нè контактираат или фотографираат“ стои во соопштението од нејзиното семејство.

Каролин ја водеше и британската верзија на шоуто „Икс фактор“. Местото водителка на „Љубовен остров“ го загуби откако беше уапсена зошто физички го нападнала својот 13 години помлад дечко, Луис Бартон, поради порака што ја нашла во неговиот мобилен. Таа за неколку недели требаше да се појави на суд поради инцидентот.

Scroll to Top