Аца Пејовиќ вечерва имаше концерт во Охрид. На уште незапочнат концерт, публиката пееше наместо него. Но, кога тој ја запеа „За Љиљана“, и официјално го отвори настапт пред многубројната публика.
Дека во публиката беа нестрпливи што побрзо Аца да се појави на сцената, следуваше „Ууууу“ како провокација да почне побрзо да пее, и тоа се ова се случуваше додека Ивона Јо и бендот се пакуваа од сцената.
„Ве љубам, ајде да правиме журка“, рече Пејовиќ. Во публиката се слушаа коментари дека српската легенда е како дома, бидејќи во Македонија го има во секое годишно време барем по еднаш.
Од душа ја отпеа „Да си ту бар ночи ове“ па и рече на публиката: „Браво, секоја чест, прекрасни сте“. Следеше „Све ти дајем, све је твоје“, па ја разнежи публиката до неговата ултра популарна балада, „Конобар не жури“.
Публиката беше воодушевена од него, но и тој од присутните фанови. Тие кои не купија карта на време, најдоа начин да го следат концертот од надвор, зад оградата. Имаше обиди и да се прескокнат решетките, но, обезбедувањето беше побрзо во реакцијата од момчето кое сакаше да влезе.
„Знам дека ја сакате оваа“, рече Пејовиќ и ја запеа: „Поноч је“ по што следеше и колективен транс.
На репертоарот беа и старите хитови, омилени на повозрасната публика. Аплаузи и овации од сите што беа на Охридскиот стадион. Под сините рефлектори, Пејовиќ праша: „Еднаш се живее зар не?“, па згрме со истоимената песна. И со овој концерт, Пејовиќ покажа дека не и здосадува на македонската публика, како и дека секогаш е добредојден.