Здравко Чолиќ никогаш не се слика со ќерките за насловна

Иако неговата кариера трае повеќе од четири децении, популарниот Чола со семејството никогаш не се нашол на ниту една насловна страна на некој магазин.

Најголемата ѕвезда на поранешна Југославија, а и ден денеска миленик на жените, е една од главните фаци во музичките води, пејачот Здравко Чолиќ, приватниот живот со децении наназад вешто ги чува само за себе, а така по се изгледа ќе остане и во иднина.

Здравко Чолиќ веќе 16 години е во среќен бран со сопругата Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара. Кариерата ја изгради исклучиво на музиката, па никогаш не ни дозволи да неговото семејство заврши на насловната страна на некој магазин.

Така е и денеска.

„Што тоа значи сега да се слика за на насловна, прегрнат со децата? Тоа е работа на вкус, убаво е тоа, се разбира ниту еден момент не мислев дека тоа е забрането… Ништо немам против да сега ние одиме во Тиват на аеродром, да се сликаме сите, со децата, да идеме, да патуваме… Тое е нешто што е животно, но сега сите овде да се наместиме за на насловна страна, не сум баш за тоа…Се во животот доаѓа спонтано“, изјави Чола.

Чола неодамна настапи во Црна Гора, каде во првите редови беше неговата постара ќерка Уна и друштвото.

„Старата излегува, млада е, се разбира се уште не. Нека видат и тие како тато се бори во животот, дека ништо не е лесно, ни естрадата, ни театарот, ни филмот… За да уметноста добие публика, таа има разни персонификација“, изјави Здравко, кој е против тоа да неговите ќерки завршат на естрадата.

„Имаат афинитети, децата се музикални, но мислам дека не би требало да се занимаваат со истата работа“, заклучи Здравко Чолиќ, кој е при крај со неговиот но албум.

Слушнете што се изјави популарниот Чола:

 

Scroll to Top